Австралија: Демонстрации против државниот празник

26.01.2018 13:59

Причина за револтот е што Австралијците празникот го доживуваат како почеток на прогон и угнетување.

Околу 25 илјади луѓе излегоа на протест во Мелбурн против одбележувањето на државниот празник кога првата флота и бели доселеници во 1788-та година пристигнале во сиднејскиот залив.

Причина за револтот е што Австралијците празникот го доживуваат како почеток на прогон и угнетување.

Во протестите учествувале и Абориџини и белци. Организаторите се надеваат дека демонстрациите ќе ја подигнат јавната свест во Австралија.

Демонстрантите бараат датумот на празникот да се смени или да се укине.