Ердоган: Операцијата може да се прошири до Ирак

26.01.2018 16:01

Во „Маслиново гранче“ беа извршени воздушни напади врз единицата на курдските сили за заштита на народот, кои имаат поддршка од Американците.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Анкара може да ја прошири воената операција во северозападниот дел на Сирија и до границата со Ирак.

Во „Маслиново гранче“ беа извршени воздушни напади врз единицата на курдските сили за заштита на народот, кои имаат поддршка од Американците.

Претходно Пентагон оцени дека воената операција во Африн ја загрозува борбата против терористите од Исламска држава.