Сирија: Падна стратешка планина во Африн

29.01.2018 10:23

За време на борбите биле убиени поголем број припадници на курдските милитанти, додека двајца борци биле заробени.

Турската агенција „Анадолу“ пренесува дека турската војска ја зазела планината Бурсаја и уште едно село во северо- источниот сириски регион, Африн. За време на борбите биле убиени поголем број припадници на курдските милитанти, додека двајца борци биле заробени.

Планината Бурсаја е стратешки важна за Турците бидејќи им овозможува полесно напредување кон градот Шаранлиј, вториот најголем град во Африн. Освен тоа, според тврдењата на турската агенција, протурските џихадисти одбиле напад на курдските сили на позициите во близина на градот Маре, на југоистокот од Африн.