Енергетика

Нов парк со ветерни електрани

29.01.2018 10:41

Кај селото Богословец, Свети Николе, наскоро ќе се изградат 10 ветерни електрани...

На територијата на општина Свети Николе, кај селото Богословец наскоро ќе се изградат 10 ветерни електрани. Ова ќе биде и првата приватна ветерна електрана во земјава, откако ЕЛЕМ ја изгради ветерната електрана кај Богданци.

Ќе се изградат 10 ветерници со капацитет од 36 мегавати. Во стратегијата за обновливи извори на енергија на Министерството за економија како поволни локации за изградба на ветерници се посочуваат и кај светниколското село Ерџелија и кај штипското село Шашаварлија.