ИД ја нападна воената академија во Кабул

29.01.2018 11:59

Еден од напаѓачите го активирал експлозивот што го носел на себе, по што почнала престрелка со обезбедувањето.

Единаесет авганистански војници биле убиени, а шеснаесетмина биле повредени во напад на воената академија во Кабул од страна на припадници на Исламска држава.

Еден од напаѓачите го активирал експлозивот што го носел на себе, по што почнала престрелка со обезбедувањето.

Според Министерството за одбрана, покрај првиот напаѓач кој се самоубил, во престрелките се убиени уште тројца, а еден е фатен жив.