Известување за полагање на испит за стекнување на овластување за овластен геодет

29.01.2018 16:47

Се известуваат кандидатите дека на 02.02.2018 година, со почеток во 9 часот во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје, ќе се одржи првиот дел од испитот за стекнување со овластување за овластен геодет, а на 22.02.2018 година, со почеток во 8.30 часот ќе се одржи вториот дел од испитот, во февруарската испитна сесија.

Се повикуваат кандидатите да се јават на закажаниот термин заради спроведување на испитот.

Листите со имињата на кандидатите и предвидените термини можете да ги видите на веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности http://www.katastar.gov.mk