БАРСЕЛОНА

Каталонците избираат нов лидер

30.01.2018 10:20

Кандидатот Карлес Пуџдемон е во егзил во Брисел, побара гаранција дека нема да биде уапсен и дека ќе може да присуствува на седницата, каде повторно би требало да биде избран за претседател на Владата на Каталонија.

Каталонските пратеници денеска треба да го изберат новиот лидер на шпанската покраина Каталонија, која поради референдумот за независност предизвика политичка криза.

Кандидатот Карлес Пуџдемон е во егзил во Брисел, побара гаранција дека нема да биде уапсен и дека ќе може да присуствува на седницата, каде повторно би требало да биде избран за претседател на Владата на Каталонија.

Уставниот суд на Шпанија претходно реши дека Пуџдемон мора лично да присуствува на седницата, бидејќи во спортивно неговиот избор нема да биде важечки.

Тој е единствен кандидат за претседател на регионалната Влада, а на таа должност беше предложен од новиот претседател на каталонскиот Парламент и заговорник за независност на Каталонија, Роџер Торент.