Вашингтон: Нема нови санкции за Русија

30.01.2018 10:55

Стејт Департментот на САД смета дека законите кои беа донесени минатата година во доволна мерка спречуваат трговија со руската одбранбена индустрија.

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го информираше Конгресот дека нема да воведе никакви нови санкции кон Русија.

Стејт Департментот на САД смета дека законите кои беа донесени минатата година во доволна мерка спречуваат трговија со руската одбранбена индустрија.

Портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Наварт оцени дека поради санкциите, странски влади се откажале од неколку планирани или најавени купувања на руско оружје во вредност од милијарди долари.