САД: Повторно влез за бегалци од 11 земји

30.01.2018 13:51

Министерството за внатрешна безбедност го заврши 90-дневен процес на преразгледување на програмата за прием на бегалци во САД по консултации со други агенции и служби.

САД ќе продолжат да примаат бегалци од 11 земји, претежно од Блискиот Исток и Африка кои беа окарактеризирани како високо ризични. Американски функционери уверуваат дека националноста нема да биде причина за одбивање, но оние кои ќе сакаат да влезат во земјата ќе бидат предмет на дополнителни проверки.

Министерството за внатрешна безбедност го заврши 90-дневен процес на преразгледување на програмата за прием на бегалци во САД по консултации со други агенции и служби.

Целта беше да се исклучи ризикот од влез во САД на лица од 11 земји кои се закана за безбедноста и благосостојбата на земјата.