Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност

30.01.2018 14:51

Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот. Во истражувањето спроведено во 115 земји, на скала од нула до 100, Македонија добила 37 поени за транспарентност, нула поени за вклучување на јавноста и 56 поени за надзор на буџетите. Од Министерството за финансии велат дека се работи на 12 проекти за да се подобри транспарентноста на јавните финансии...

Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност, граѓаните речиси и да немаат увид во тоа како се трошат јавните пари- покажува спроведеното истражување во 115 земји. На рангирањето, нашата држава од можни 100 има 37 поени, со нула кај учеството на јавноста во процесот на трошење јавни пари.

Од Центарот за економски анализи велат дека се потребни големи промени во фискалната дисциплина и транспарентноста, за буџетскиот систем да не им служи на моќните елити.

Од Министерството за финансии тврдат дека се направени 12 крупни промени за поголема транспарентност на јавните финансии.

Покрај ова, од финансии велат дека ќе прават анализи за тоа дали да се зголемува прагот за оданочување на физичките лица. Го слушнавме мислењето на јавноста, ако има промена граѓаните ќе бидат информирани- посочија од ресорот.

 

Викторија Милевска