Тајани: Западниот Блакан има јасна европска перспектива

31.01.2018 11:02

Во пресрет на денешната посета на Белград тој рече дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство во ЕУ до 2025 година, додавајќи дека таму каде што постои волја, има и начин.

Претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани изјави дека земјите од Западниот Балкан имаат јасна европска перспектива и може да сметаат на поддршката на Европскиот парламент во тој процес, но дека сепак топката е во нивниот двор.

Во пресрет на денешната посета на Белград тој рече дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство во ЕУ до 2025 година, додавајќи дека таму каде што постои волја, има и начин.

Тајани за време на денешната посета на Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на српското Собрание, Маја Гојковиќ, како и со претставници на граѓанското општество организирани во Националниот конвент на Европската унија.