Јилдирим: Турција не ја окупира Сирија

31.01.2018 14:21

Турција пред 10 дена почна воздушна и копнена операција во областа Африн во северозападна Сирија, против силите за заштита на народот на сириските курди.

Франција греши, Турција не ја окупира Сирија, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Макрон дека турската операција против силите на сириските курди не смее да прерасне во инвазија на Турција врз Сирија.

Турција пред 10 дена почна воздушна и копнена операција во областа Африн во северозападна Сирија, против силите за заштита на народот на сириските курди.

Во операцијата се вклучија и припадници на сириски бунтовнички групи, кои ги поддржува Турција.