Грција

Експлозија во продавница за мебел во Атина

01.02.2018 10:25

За сега, нема информации дали зад експлозијата стои некоја од грчките анархистички терористички организации.

Силна експлозија оддекна изутрината во продавница за мебел во северниот дел на Атина, предизвикувајќи сериозна материјална штета. За сега, нема информации дали зад експлозијата стои некоја од грчките анархистички терористички организации.

За разлика од претходно, овој пат, немало предупредувачки анонимен повик до некој од грчките медиуми.