МФ: Намален државниот и јавниот долг

01.02.2018 10:48

Ова, според ресорното министерство е прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009-та година. На крајот од 2017-та година државниот долг изнесувал 38,7 од бруто домашниот производ, додека јавниот долг изнесувал 46,7 проценти од БДП.

Државниот долг на крајот на 2017-та година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, во споредба со крајот на 2016-та, објави вчера Министерството за финансии.

Ова, според ресорното министерство е прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009-та година. На крајот од 2017-та година државниот долг изнесувал 38,7 од бруто домашниот производ, додека јавниот долг изнесувал 46,7 проценти од БДП.

Во однос на третиот квартал на 2017-та година се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.