„Хабертурк“: За еден месец војската ќе стигне до Африн

01.02.2018 12:16

Согласно оперативниот план на турската армија, територијата на градот би требало да биде поделена на 14 зони за дејствување и би биле воспоставени три коридори за извлекување на цивилите од градот.

Весникот „Хабертурк“ пишува дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец турските сили во рамки на операцијата „Маслиново гранче“ ќе стигнат до сирискиот град Африн.

Согласно оперативниот план на турската армија, територијата на градот би требало да биде поделена на 14 зони за дејствување и би биле воспоставени три коридори за извлекување на цивилите од градот.

Турција на 20-ти јануари започна воздушна и копнена операција во северните делови на Сирија против силите за заштита на народот на сириските Курди.