Брисел

Преполовен бројот на баратели на азил во ЕУ

01.02.2018 14:11

Европската канцеларија за поддршка на азил прецизира дека повеќето од барателите на азил биле Сиријци.

Бројот на лица кои во 2017 година побарале меѓународна заштита во Европа е намален за речиси 50 насто во однос на претходната година. Европската канцеларија за поддршка на азил прецизира дека повеќето од барателите на азил биле Сиријци.

Лани над 700 илјади лица побарале азил во 28-те земји од Европската унија, што претставува 43 проценти помалку отколку во 2016 година.

Ова е втора година по ред во која бројката опаѓа, откако во 2015 година во Европа пристигнаа над еден милион луѓе, претежно сириски бегалци.