Средба Иванов- Нимиц за преговорите за името

01.02.2018 15:05

Решението може да се бара само во рамките на Обединетите нации, и е потребно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите- Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, потенцирал македонскиот претседател.

Претседателот Иванов и амбасадорот Нимиц размениле мислења за процесот кој се води под покровителство на Обединетите нации и за идеите на посредникот за разликата со името. Решението може да се бара само во рамките на Обединетите нации, и е потребно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите- Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, потенцирал македонскиот претседател.

Иванов истакнал дека Република Македонија ќе продолжи и натаму конструктивно да учествува во процесот, со цел изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Иванов посочил дека надминувањето на разликата околу името мора да биде во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски.