Почувствувани земјотреси во Скопје и Охрид

02.02.2018 10:17

Земјотрес со јачина од 2,4 Рихтери е регистиран изутрината пред два часа во скопското епицентрално подрачје. Потресот бил на 6 километри источно од Скопје, во околината на Стајковци и бил на длабочина од 4 километри. Нема информации за материјална штета...

Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1 и е почуствуван во 02:26 часот. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во Скопје е регистриран во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,4 и е почувствуван од населението во Скопје и околина.