Закројувањето на лозјата почна предвреме

02.02.2018 10:20

Временските услови им се погодија на лозарите. Иако до Свети Трифун и до официјалниот почеток на закројувањето на виновата лоза има сѐ уште време, во тиквешијата лестерите веќе се поткаструваат, особено на поголемите површини со лозје...

Се кројат лозјата во Тиквешко. Голем дел од лозарите мораат да брзаат и не можат да го чекаат „Свети Трифун“ кога симболично почнува закројувањето. Причината е што имаат поголеми плантажи и поволните временски услови.

Ланската година за лозарите почна со непогоди. Пролетните мразеви уништија скоро 70 проценти од родот, особено во кавадаречкиот регион. Потоа дојдоа и високите температури и направија уште поголеми штети, особено во регионите каде што немаше можности за наводнување.

Со откупот немаше проблеми и она што се собра беше со добар квалитет, а винските визби, родот го откупија во целост. Откупните цени кај поквалитетните сорти беа повисоки од 2016-та година, и тоа кај смедеревката за 2,5 и за 6 проценти кај вранецот.

Лозарите сега ја чекаат и втората рата од 40 проценти за грозјето од ланската реколта која според законот трба да се плати најдоцна до 15-ти февруари.

 

Методија Трајков