Ахмети: Решението за името има големо влијание врз иднината, мирот и стабилноста во регионот

02.02.2018 10:42

Лидерот на ДУИ изјави дека му дава целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името.

Секогаш добивам добри идеи при средбите со Ахмети, оценил посредникот Нимиц по разговорите со лидерот на ДУИ. Тој добро го познава ова прашање, но при средбата ги претстави гледиштето на неговата партија и ставовите на албанската заедница.

Според Нимиц, зборувале и за можните решенија. Решението за името има големо влијание врз иднината, мирот и стабилноста во регионот, изјавил Ахмети по средбата.

Лидерот на ДУИ изјави дека му дава целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името.

Ние му даваме целосна поддршка на Нимиц во оваа многу знајачна мисија што ја има и се надеваме дека што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста, изјави Ахмети.

Се надеваме на што поскорешен епилог, регкол Ахмети.