„Фени“ почнува со работа

02.02.2018 11:02

При донесување на оваа одлука, се водело сметка за заштита на интересите на доверителите и на вработените во комбинатот, согласно Законот за стечај. Ова посебно се однесува на потребата производствените капацитети кои се во сопственост на стечајниот должник и кои влегуваат во стечајната маса, да бидат заштитени од понатамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност.

Кавадаречки „Фени индустри“ за кого се води стечајна постапка, почнува со работа откако Одборот на доверители донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда со единствениот понудувач, друштвото GSOL, за минимален месечен надомест од 1,2 милиони евра.

Како што стои во соопштението, одлуката е едногласно донесена од сите членови на Одборот на доверители. При донесување на оваа одлука, се водело сметка за заштита на интересите на доверителите и на вработените во комбинатот, согласно Законот за стечај. Ова посебно се однесува на потребата производствените капацитети кои се во сопственост на стечајниот должник и кои влегуваат во стечајната маса, да бидат заштитени од понатамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност.

Нивно ставање во целосна функција ќе создаде услови доверителите да ги наплатат своите побарувања во повисок процент, што е и основната цел на колективното намирување на доверителите во стечајната постапка- велат од Одборот на доверители.

Склучувањето на договорот е од исклучителна важност и за вработените кои ќе бидат работно ангажирани, но воедно ќе се спречи, или избегне, дополнително оптоварување на стечајната маса со трошоци на постапка, стои во соопштението.