Русија

75 години од битката за Сталинград

02.02.2018 15:23

Според многумина, оваа битка била една од најзначајните во Втората Светска војна.

Со голема парада некогашниот Сталинград, денес познат како Волгоград ја одбележува 75 годишнината од крајот на битката за негово ослободување од нацистите.

Според многумина, оваа битка била една од најзначајните во Втората Светска војна.

Руската армија успешно го одбрани градот, сопирајќи го напредокот на Германците, со што беше направена пресвртницата во војната против фашистите.