Ердоган во прва посета на Ватикан

04.02.2018 11:24

Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.

Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.

Главни теми на средбата на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот и борбата против тероризмот.

По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.

Ова е прва посета на еден турски претседател на Ватикан по речиси 60 години.