Османи на работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан

05.02.2018 10:03

На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, биле поканети амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Средбата се одржува на само еден ден од излегувањето на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан...

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска има работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија. На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, биле поканети амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Средбата се одржува на само еден ден од излегувањето на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, што ќе биде и глава тема на состанокот, каде што се очекува да се отворат и останатите теми од регионален интерес, како што се следниот циклус на извештаи на Европската комисија за земјите аспиранти за членство, напредокот во меѓусебната соработка и добрососедските односи и потенцијалите за соработка во рамките на Берлинскиот процес, се вели во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.