Русија ги засили воздушните напади во Идлиб

05.02.2018 11:03

Според податоците, меѓу жртвите има и цивили.

Руската авијација ги интензивира нападите во сириската провинција Идлиб на местата каде што сѐ уште доминираат бунтовниците откако усмртија нејзин пилот откако неговиот авион беше соборен.

Според податоците, меѓу жртвите има и цивили. Во саботниот инцидент кога беше соборен руски воен авион загинаа најмалку 10 луѓе.