Врнежи

Поплавени куќи, семејствата се згрижуваат

05.02.2018 11:12

Врнежите ги зголемија водостоите на реките особено во горниот дел на Вардар. Можни се излевања на водите, особено во северозападниот и во западниот дел од Македонија. Најмногу дожд во Лазарополе. Во кичево поплавени 122 куќи. Сите 30 загрозени семејства се згрижени, информираа локалните власти. На терен работи механизација за побрзо повлекување на водата од поплавените подрачја...

Повеќе од 100 куќи поплавени во Кичево. Институциите ги згрижуваат семејствата. Доставени им се пакети со храна, хигиенски средства, душеци, кебиња и обувки.

Интензивните врнежи од дожд и топењето на снег ги зголемија водостоите на реките. Најкритично на горниот тек на Вардар, на Радика, Треска, Сатеска, Црна Река. На одредени локации веќе има излевање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека најголем воден талог има во северозападните делови на земјава. Во Лазаропле наврнале 110 литри на квадратен метар. Од УХМР велат дека наредниот викенд повторно не очекуваат обилни врнежи. 

Хидрометеоролозите очекуваат со намалувањето на температурите да се забави топењето на снегот од горните делови на сливовите, па постепено ќе се намалува и дотекот на вода. Интензивните врнежи предизвикаа и проблеми во сообраќајот на неколку патни правци.