Свлечишта и поплави во повеќе населени места во Демир Хисар

05.02.2018 12:55

Санирани се и последиците од поројните дождови на патот за село Мало Илино. Водостојот на реката Црна е зголемен кај селата Долеци и Бучин каде што има излевање на водата од речното корито.

Изобилните врнежи од дожд предизвикаа големи оштетувања и поплави кои зафатија повеќе населените места на територијата на општина Демир Хисар. Синоќа во соработка со месното население во Горни Демир Хисар и локалното јавно претпријатие Комуналец, било расчистено свлечиштето од локалниот пат во село Вирово.

Санирани се и последиците од поројните дождови на патот за село Мало Илино. Водостојот на реката Црна е зголемен кај селата Долеци и Бучин каде што има излевање на водата од речното корито.

Ново свлечиште има во непосредна близина на село Базерник, а внимателно треба да се вози и на патниот правец Граиште - Будаково, посочуваат од општина Демир Хисар.

Во Кичево синоќа биле поплавени 122 куќи, но сите 30 загрозени семејства биле згрижени, информираа локалните власти.