Заев од 12-ти февруари во официјална посета на Турција

05.02.2018 14:56

За време на посетата премиерот ќе има средби со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, со претседателот на Владата на Република Турција Бинали Јилдерим...

Премиерот Зоран Заев од 12-ти февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција.

За време на посетата премиерот ќе има средби со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, со претседателот на Владата на Република Турција Бинали Јилдерим, како и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман.