ИТ компаниите со најголем интерес за европските проекти

05.02.2018 15:30

Најголем интерес за европските проекти покажале ИТ компаниите. Европската мрежа на бизнис можности ги објави податоците. Се бараат совети и услуги, но сѐ уште е мал бројот на фирмите кои аплицираат за европските пари...

Над 5.000 мали и средни компании побарале совет и услуги од Европската мрежа на бизнис можности. Но, сѐ уште е мал бројот на фирмите кои пријавиле проекти финансирани со програмите на Европската унија и ги искористиле европските пари. Од Европската мрежа на бизнис можности велат дека вмрежувањето на компаниите обезбедува интернационализација на бизнисите. Лани, најголем интерес за европските проекти покажале ИТ компаниите.

Преку Европската мрежа во изминатите две години 137 компании од странство покажале интерес за соработка со македонски фирми, а реализирани биле 36 партнерства. Малите и средни претпријатија секојдневно добиваат совети од експертите од мрежата целта е унапредување на нивната иновативност и раст.

Европската мрежа на бизнис можности во Македонија е дел од најголемата мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, вклучена во европските програми „Косме“ и „Хоризонт“, која на фирмите им нуди помош за искористување на можностите на европскиот пазар.

 

Дијана Ценевска