ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев во Давос со Ципрас?

06.02.2018 10:58

Власта избегнува одговори и ја дефокусира јавноста со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори, стои во дописот. Демократијата и владеењето на правото во Македонија се деградирани под власта на СДСМ.

Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на договорот? Што се крие од македонската јавност- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта избегнува одговори и ја дефокусира јавноста со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори, стои во дописот. Демократијата и владеењето на правото во Македонија се деградирани под власта на СДСМ.

Според опозициската партија, делото според кое се води истрагата против десетици македонски патриоти е неосновано и неаргументирано, а целиот процес е само акт на политички терор што мора да запре.

Политички притворените патриоти подолг период се држат во притвор, а во постапката против нив не се поведени какви било истражни дејствија. Тоа на дело ги покажува целата конструкција, неоснованост и безидејност- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.