ЊУЈОРК

Паника на Волстрит, главниот индекс на Њујоршката берза драстично намален

06.02.2018 11:29

Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. Минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД.

Паника на Волстрит откако главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија. Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.

Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. Минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД.

Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека американскиот претседател Трамп се занимава со „основите“ на долгорочната економија, која и натаму е исклучително силна.