Метео: Утре повремени врнежи од дожд

06.02.2018 13:23

Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови особено во западните делови каде што локално ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен.

Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови особено во западните делови каде што локално ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен.

На места е можна и појава на грмежи. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска