Кривичен суд: Пристигнати над 2.500 барања за амнестија

06.02.2018 14:41

Направен е увид на над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани. Првите решенија од Кривичниот суд биле издадени на 2- ри февруари.

Кривичниот суд досега примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица. Две третини се решени и вратени до затворите- информира претседателот на судот Џолев.

Направен е увид на над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани.  Првите решенија од Кривичниот суд биле издадени на 2- ри февруари.

Адвокатот Дукоски, пак, со иницијатива до Уставен за оценка на Законот за амнестија. Смета дека е направена ноторна повреда на член 9 од Уставот на Република Македонија.