ТАЈВАН

Жртви и стотици исчезнати во земјотресот од 6,4 рихтери во Тајван

07.02.2018 10:26

Засега се потврдени најмалку четири смртни случаи во туристичкото место Хуалин на источниот брег. Над двесте луѓе се хоспитализирани. Меѓу урнатите згради е и хотелот „Маршал“.

Спасувачките екипи трагаат по стотици исчезнати по земјотресот од 6,4 рихтери на Тајван. Засега се потврдени најмалку четири смртни случаи во туристичкото место Хуалин на источниот брег. Над двесте луѓе се хоспитализирани. Меѓу урнатите згради е и хотелот „Маршал“.

„Внатре е брат ми, и еден негов колега. Спасувачите се обидуваат да стигнат до сите коишто останаа внатре. Тоа е состојбата засега.“

Потресот оштети важен автопат и два моста. Хуалин има околу 100.000 жители.