ВМРО-ДПМНЕ: Заев ѝ должи одговор на јавеноста што сѐ има прифатено во Давос?

07.02.2018 10:57

Од партијата прашуваат дали освен неговата подготвеност за име со географска одредница, постои подготвеност и за отстапки што се однесуваат на промена на Уставот, јазикот, националноста и меѓународните кодови на Република Македонија...

Премиерот Зоран Заев кажа дека тој е подготвен за име со географска одредница, но треба да ја информира јавноста кое е тоа име, дали ќе има англиска транскрипција и дали е само за меѓународна употреба, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали освен неговата подготвеност за име со географска одредница, постои подготвеност и за отстапки што се однесуваат на промена на Уставот, јазикот, националноста и меѓународните кодови на Република Македонија. За жал, Заев реши да излезе со делумна информација, дури откако грчкиот министер за надворешни работи јавно му порача да го извести сопствениот народ за договорот прифатен во Давос на средбата со премиерот Алексис Ципрас.

Јавноста очекува одговор и на прашањето дали преименувањето на аеродромот и на автопатот се дел од некаква поширока стратегија за решавање на спорот со соседна република Грција или претставува еднострана отстапка од страна на Република Македонија – пишува во вчерашната реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.