Панел дискусија за работничките права на младите работници

07.02.2018 11:06

На настанот ќе бидат презентирани и наодите од анкетата колку младите ги познаваат своите работнички права.

Во ЕУ- Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија за тоа колку се почитуваат работничките права на младите работници. На панел дискусијата се очекува да се разговара за моменталните состојби за почитување на работничките права, со посебен фокус на младите работници.

На настанот ќе бидат презентирани и наодите од анкетата колку младите ги познаваат своите работнички права.

Панел дискусијата се одржува во рамките на националната кампања 365 работнички права за младите, чија цел е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права што им се загарантирани со Законот за работните односи.