Асанж и натаму под заштита на Еквадор

07.02.2018 11:25

Од Министерството за надворешни работи нагласија дека Владата ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж сѐ додека веќе нема да има закана по неговиот живот.

Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат основачот на веб-страницата „Викиликс“. Од Министерството за надворешни работи нагласија дека Владата ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж сѐ додека веќе нема да има закана по неговиот живот.

Таа одлука ќе се донесе согласно уставните барања за заштита на човековите права и меѓународните договори за таа област, потпишани од државата.

Лондонскиот суд претходно не најде основа да го исполни барањето на Асанж за укинување на меѓународната потерница за негов притвор.