Груби на средби во Вашингтон, побара САД да се вклучат во решавањето на спорот со името

07.02.2018 12:58

Груби остварил средби со конгресмените Питер Роскам, Роберт Адерхолт, Џон Ретклиф, Кени Бак, Џон Муленар и Деби Дингл, како и со други сенатори и конгресмени.

Претседателот на Собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, и воедно претседател и на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, ја продолжи службената посета на САД со средби со повеќе свои колеги во Конгресот.

Груби остварил средби со конгресмените Питер Роскам, Роберт Адерхолт, Џон Ретклиф, Кени Бак, Џон Муленар и Деби Дингл, како и со други сенатори и конгресмени.

На сите средби, Груби ја нагласил неопходната потреба за активно и итно вклучување на Вашингтон во изнаоѓање на достоинствено решение за спорот со името со нашиот јужен сосед, се вели во соопштението од Собранието.