Компании

Фокус на иновативноста за поголема конкурентност

07.02.2018 16:41

Малите и средните бизниси да се фокусираат на иновативноста за да бидат конкурентни и да добијат финансии од европските фондови, апел од Фондацијата за претприемачки сервис. Им порачуваат да развиваат специфични услуги и суштински иновации...

Европските фондови нудат пари, но македонските фирми сѐ уште само стасуваат до прагот, аплицираат но не добиваат финансии, да ги зајакнат капацитетите со специфични услуги и суштински иновации, за да ја подобрат конкурентноста- оценуваат од Фондацијата за претпримачки сервис. Преку европските програми спроведуваат обуки со странски консултанти.

„Фирмите треба да идентификуваат некоја област, да форсираат иновативност, многу е тешко да се биде конкурентен на европскиот пазар. Од искиствата, од она што го гледаме, успех на повисоко ниво имаат компаниите што настапуваат со специфични услуги и радикални иновации, тие добиваат финансии од Европските фондови“, вели Даниела Чамкова, АРК Фонд од Бугарија.

Бугарските експерти псочуваат, пред влезот во Унијата целиот фокус го ставиле на зајакнување на домашните административни капацитети, на конкурентоста и иновациите. Сега велат фирмите полесно земаат дел од финансискиот колач на европските програми. Од Македонската фондација за претприемачки сервис нудат обуки за иновациски менаџмент.

„Аплицираат, постои интерес но секогаш се тука некаде до прагот, па ние преку нашата програма ќе видеме кои се тие мали недостаоци кои треба да се надминат. Може да аплицираат за три фази, првата до 50 илјади евра, втората до милион евра и третата фаза е фаза на иницијализација. Значи постојат можности“, изјави  Александар Филиповски, проект менаџер од Фондацијата ПСМ.

Од фондацијата велат ќе се креира мобилна апликација за технолошки трансфер што ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачката за иновативни технологии.

Сузана Фиданска Стоевска