Тилерсон во посета на арапските земји поради Ерусалим

12.02.2018 12:21

Во Каиро стигна ден откако изралеското военовоздухолповство изврши напад во Сирија како одговор на дронот кој влезе во воздушниот простор на Израел и соборувањето на авионот Ф-16.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е во посета на Египет на почетокот на дипломатската турнеја на која ќе помине пет држави во период на зголемени тензии на Блискиот исток.

Во Каиро стигна ден откако изралеското военовоздухолповство изврши напад во Сирија како одговор на дронот кој влезе во воздушниот простор на Израел и соборувањето на авионот Ф-16.

Освен во Египет, Тилерсон ќе оди во Кувајт, Либан и во Јордан. Посетата ќе ја заврши во Анкара.