Бизнисот бара промена на казнената политика

12.02.2018 15:03

Наместо да добиваат глоби, да ги опоменат и да ги едуцираат. Бизнисот бара промена на казнената политика. И Стопанската комора смета дека треба да се менува Законот за прекршоци...

Намалување на глобите и промена на казнената политика бара Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија. Сметаат дека при утврдување на висината, треба да се земе во предвид направениот прекршок наместо големината на компанијата. Од Групацијата бараат и да се преиспита како се уредени постапките за порамнување, собено кај оние за кои не постои право на жалба.

Според Стопанската комора, сегашниот Закон за прекршоци не е усогласен бидејќи глоба на правно лице може да биде изречена до 5.000 евра, но истовремено, според Царинскиот закон максималната пропишана глоба да биде 15.000 евра.

Според Групацијата, досегашните искуства покажале дека кај фирмите поповолен ефект има ако им се укаже на пропустите и се повикаат на едукација за да се избегне можноста за повторување на прекршокот.

 

Дијана Ценевска