Москва

Пронајдена црната кутија на рускиот авион, се испитуваат причините за несреќата

12.02.2018 15:17

Сите 65 патници и екипажот загинаа при уривањето на авионот на „Саратов Ерлајнс“ на московскиот аеродром. Надлежните ја пронашле црната кутија и ги испитуваат причините за несреќата. Путин ја одложи посетата на Сочи и ја презакажа средбата со палестинскиот лидер за во Москва...

65 патници и шестчлен екипаж загинаа кога се уран авион на „Саратов Ерлајнс“ по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово. Авионот првин исчезнал од радарите, по што било потврдено дека леталото се урнало и дека загинале сите што биле во него.

„Раша тудеј“ пишува дека била пронајдена црната кутија на авионот кој бил од типот Антонов АН-148 и кој летал на релација Москва – Орск. Според информациите, авионот паѓал со брзина од 1.000 метри во минута и се урнал четири минути по полетувањето.

Рускиот претседател Путин им изрази сочуство на семејствата на настраданите и нареди формирање комисија која ќе ја води истрагата за несреќата. Претседателот го одложи планираниот пат во Сочи, а планираниот состанок со палестинскиот лидер наместо таму, ќе се одржи во Москва.

Пронајдени се делови од авионот и тела на дел од жртвите. Исто така пронајдена е и црната кутија. Нашата задача е до крајот на денот да ги собереме сите остатоци од биоматеријалите“, изјави Владимир Пучков, министер за вонредни состојби на Русија.

Рускиот министер за надворешни работи рече дека според прелиминарните информации во авионот покрај руски државјани, имало и по еден од Казахстан, Швајцарија и Азербејџан. Повеќето патници биле од областа Оренбург. Меѓу нив биле и еден тинејџер и две деца.

Една од жртвите ми беше блиска пријателка. Имаше три деца. Се враќаше дома кај нив. Не можам да поверувам. Таа беше прекрасна, ведра жена“.

Ова е многу тажно. Тој авион секојдневно прелетуваше над нашата куќа. Го гледавме како полетува и како слетува“.

Спротивно на изјавите на надлежните кои тврдат дека пилотот и техничкиот персонал не пријавиле проблем со леталото, руска „Газета“ повикувајќи се на извори блиски на истрагата пишува дека сепак пилотот пријавил.

Според весникот, пилотот наводно ја известил контролата на летови за проблемот и побарал итно слетување. Сепак, точната причина за уривањето сѐ уште не е позната. Истражителите ги испитуваат сите претпоставки, од климатските улсови, човечки фактор или технички проблем, но е исклучена можноста да се работи за тероризам.

 

Марина Ристова