ВАШИНГТОН

Трамп претстави буџет од 4.400 милијарди долари

13.02.2018 11:22

Претставен американскиот буџет од 4 илјади и 400 милијарди долари...

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави буџетот за 2019 година вреден 4 илјади 400 милијарди  долари, предвидувајќи буџетски дефицит од 984 милијарди долари.

Предлог- буџетот вклучува и околу илјада и 500 милијарди долари за реконструкција на патишта, автопати, пристаништа и аеродроми за период од 10 години.