Циклонот „Гита“ ја опустоши Тонга

13.02.2018 13:15

Предизвикана е голема материјална штета, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Јужнопацифичкиот остров Тонга е опустошен од тропскиот циклон „Гита“ од четврта категорија проследен со ветер од 200 км/ч. Засега нема жртви, но десетици луѓе побарале медицинска помош.

Предизвикана е голема материјална штета, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Тонга е архипелаг од 169 острови со население од 107 илјади лица. Се протега на 3000 километри источно од Австралија.  Циклонот се засилува и се движи кон Фиџи.