Метео: Од петок стабилизирање на временската состојба

13.02.2018 14:35

Попладне на повеќе места се очекува намалување на облачноста со сончеви периоди.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од снег со послаб интензитет особено претпладне.

Попладне на повеќе места се очекува намалување на облачноста со сончеви периоди.

Во четврток ќе имаме слично време, а од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска