АД ЕЛЕМ: Соработка за поднесените кривични пријави

13.02.2018 14:38

За 2018-та година предвидени се средства за набавка на електростатски филтри кои ќе спречат емисија на штетни материи во воздухот...

Во врска со кривичните пријави поднесени денеска од СВР Битола, АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба, се вели во соопштението на компанијата.

Во 2017-та година новото раководство почна постапка за набавка на опрема за стандардизирање на отпепелувањето, која ќе спречи отпадната пепел да се шири во околината. За 2018-та година предвидени се средства за набавка на електростатски филтри кои ќе спречат емисија на штетни материи во воздухот, соопшти АД ЕЛЕМ.

СВР Битола поднесе кривични пријави против петмина поранешни и актуелни директори во РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и на природата“.