Рочиштето за случајот „Тарифа“ прекинато, ќе продолжи на 1-ви март

13.02.2018 15:00

Во судот два часа траеше сослушувањето на сведок кој е управител на фирма- партнер во конзорциумот за набавка на софтверот за ЕРП системот. Рече дека неговата фирма учествувала во импелементација на модулот за менаџмент на документацијата...

На вработен во ЕЛЕМ кој требаше да биде сослушан како сведок на Специјалното обвинителство во случајот „Тарифа“ му се слоши пред да даде исказ во судот, поради што главната расправа се одложи за 1-ви март. Тој бил дел од работната група задолжена за имплементација на софтерот, чија набавка е предмет на обвинение. 

Претходно, во судот два часа траеше сослушувањето на сведок кој е управител на фирма- партнер во конзорциумот за набавка на софтверот за ЕРП системот. Рече дека неговата фирма учествувала во импелементација на модулот за менаџмент на документацијата.

Во случајот „Тарифа“ обвинети се тројца, меѓу кои и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. Се товарат за незаконска набавка на софтвер за потребите на компанијата, вреден повеќе од 4 милиони евра.