Едно место подолу за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

16.02.2018 11:49

Иако Македонија немаше натпревари од последното рангирање што Светската фудбалска федерација го изврши во јануари, сепак забележаа пад од една позиција, поради прогрес на други селекции.

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 74. место на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска.

Иако Македонија немаше натпревари од последното рангирање што Светската фудбалска федерација го изврши во јануари, сепак забележаа пад од една позиција, поради прогрес на други селекции.

Од противниците со кои ќе играат „црвено-жолтите“ во групната фаза во Лигата на Нации, Ерменија е 91-ва, Лихтенштајн е на 182. место, додека Гибралтар се наоѓа на 206. место.

На врвот нема промени и ТОП 10 поредокот останува ист. Лидер е Германија, а по неа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.