НБА

Најбрз „трипл-дабл“ во историјата

16.02.2018 11:51

Српскиот центар направи „трипл-дабл“ уште во првото полувреме и заврши со 30 поени, 15 скока и 17 асистенции, а тимот од Колорадо победи на гостувањето во Милвоки со 134:123.

Србинот Никола Јокиќ го води Денвер самоуверено кон плеј-офот во НБА, а изминатава ноќ фановите на „нагетс“ уживаа во една од најсилните презентации во сезоната.

Српскиот центар направи „трипл-дабл“ уште во првото полувреме и заврши со 30 поени, 15 скока и 17 асистенции, а тимот од Колорадо победи на гостувањето во Милвоки со 134:123.

Статистиката вели дека „трипл-даблот“ на Јокиќ е најбрз во историјата на кошарката во последните 20 години, откако е направен на две минути пред крајот на првото полувреме. Тој е исто така најбрз во историјата, ако се има предвид времето, кое играчот го минал на паркетот - 14 минути и 33 секунди. Ако се додадат и двете блокади, тој е првиот човек од 1973 година, кој направил слично достигнување.

Гостите беа неверојатни при шут од тројка, откако нанижаа 24 погодоци од дистанца, израмнувајќи го клупскиот рекорд и останувајќи само на тројка од најдоброто достигнување во историјата на НБА.

Јанис Антетокумпо исто така постигна „трипл-дабл“ за „бакс“, откако зад своето име остави 36 поени, 11 скока и 13 асистенции, но неговиот тим заостана во втората четвртина, а потоа не успеа да се врати во игра, иако во еден момент го стопи заостанувањето до пет поени, но со серија од 12:3, Денвер ја врати контролата.

И двата тима се во зоната на плеј-офот, откако Денвер се подобрија до 32-26 и се искачија до 6-тото место на Западот. На истата позиција на исток е Милвоки со 32-25.

Во другиот натпревар, Минесота имаше тешкотии, но ги победи Л.А. Лејкерс со 119:111 откако ја доби последната четвртина со 35:20.

Таџ Гибсон постигна 28 поени, а Џими Батлер додаде 24 за успехот со кој „волците“ се подобрија до 36-25 и ќе одат на пауза, поради Ол Стар викендот, на четвртото место на Западот.