Зголемени тензии меѓу Либан и Израел

20.02.2018 10:25

Американските дипломати посредуваа меѓу двете земји откако се зголемија тензиите поради граничниот ѕид кој го гради Израел по одлуката на Либан да ги истражува енергетските извори во близина на спорните води.

„Либанската војска ќе ги искористи сите средства за соочување со потенцијалната израелска агресија“, соопшти официјален Бејрут, дополнувајќи-нивниот непријател го прекршува либанскиот суверентитет и правото на економски развој. 

Американските дипломати посредуваа меѓу двете земји откако се зголемија тензиите поради граничниот ѕид кој го гради Израел по одлуката на Либан да ги истражува енергетските извори во близина на спорните води.

На Минхенската безбедносна конференција, премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека ќе дејствува против Иран и сите сојузници на Блискиот исток, на што реагираше либанскиот министер за одбрана.

Во Либан е стациониран проирански Хезболах што го поддржува режимот на Ал Асад во Сирија.